Интер размислува да го ангажира Давид Де Хеа како слободен играч. Шпанецот не се договори за нова соработка со „црвените ѓаволи“ и веќе размислува за следниот чекор во кариерата.
„Нероаѕурите“ се разделија со Андре Онана за околу 50 милиони евра и ќе бидат среќни доколку најдат замена без да платат отштета. Еден од таквите голмани на пазарот е Давид де Хеа.
Тој има понуди од Саудиска Арабија, но засега ги одбива и гледа дали би можел да добие добар предлог за да остане на Стариот континент.