Top Sport

Интер ќе го раскине договорот со Ериксен!

Италијанскиот шампион Интер се подготвува да го раскине договорот со данскиот фудбалер од средниот ред – Кристијан Ериксен (29).

Ериксен нема одиграно ниту минута откако колабираше во тек на мечот Данска – Финска на ЕУРО2020, во јуни годинава.
Неодамна беше објавено дека повторно почнал да тренира самостојно. Засега нема информација дали Данецот ќе сака и ќе може да ја продолжи професионалната кариера.

И да има желба – тоа нема да е можно во Италија, освен ако нема уред (ICD – имплантен дефибрилатор) откако имаше срцев удар.

Во Интер сметаат дека тоа е непрактично и дека не се работи за тоа Ериксен да му се врати на професионалниот фудбал. Затоа, според нив, прекин на договорот е единствената опција.

Ериксен во јануари 2020 година од Тотенхем направи трансфер во редовите на „Нероазурите“ и потпиша договор на 4,5 години.

Scroll to Top