Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио потврди дека Интер ја искористиле опцијата да го заддржат Ешли Јанг и следната сезона и планираат истото да го направат и со Алекси Санчез.
Јанг пристигна од Манчестер јунајтед во јануари и потпиша шестмесечен договор со опција за уште една година, приклучувајќи се на поранешните колеги Алексис Санчез и Ромелу Лукаку. Сега, Аусилио потврди дека ќе го заддржат ветеранот за уште една сезона, и вети дека Чилеанецот Санчез, кој е позајмен фудбалер од Јунајтед, ќе добие шанса да се докаже.
„Можам да потврдам дека ја искористивме опцијата во договорот на Јанг, и планираме да ги заддржиме сите, вклучувајќи го и Алексис Санчез. Тој играше добро пред да се повреди, посебно против Барселона и Сампдорија. Тука потсети на најдобрите сезони со Удинезе и Арсенал, но немаше среќа. Сега тоа може да го искористи во овие преостанати мечеви за да добие втора шанса“, вели Аусилио.