Top Sport

Интер на Бекам ќе мора да го смени името?

Новиот клуб во МЛС лигата Интер Мајами, чии сопственик е Дејвид Бекам, најверојатно ќе мора да го смени името, откако се соочи со тужба на имењакот од Милано. Според интернет страницата „law.com“ славниот италијански клуб сигурно ќе победи во овој судски спор.

Два контра-аргументи има клубот од Милано. Првиот е дека веќе има многу клубови кои во името го имаат „Интер“ (Интер Запрешиќ, Интернасионал Порто Алегре, Интер Лајпциг, Интер Нешвил) и вториот дека префиксот „интер“ не може да биде заштитен како „трејдмарк“.

Италијанскиот клуб ќе мора да ги убеди УСПТО (Американската агенција за заштита на патенти и заштитени брендови) дека кога публиката ќе го слушне името Интер во исто време ќе го поврзе од Интер од Милано, наведува во своето образложение „law.com“.

Клупските бои на Интер од Мајами се црна, розе и бела додека Интер од Милано е познат по црната и сината боја.

Scroll to Top