Интер успеа да прими голови во 16-тата секунда и во 101. минута од Фиорентина за контроверзно 3:3 реми на „Артемио Франки“.
Повторно без поранешниот капитен Мауро Икарди, мечот не можеше да почне полошо за гостите, откако Федерико Киеза нафрли топка до Џовани Симеоне, а неговиот удар од Стефан де Фрај отиде во голот по само 16 секунди.
Но, ова беше само почеток на возбудите – поранешниот фудбалер на Фиорентина, Матијас Вечино во шестата минута со волеј удар израмни на 1:1, пред во финишот на полувремето Матео Политано го совлада Албан Лафонт за водство на гостите. Второто полувреме започна со зголемување на водството, откако Иван Перишиќ во 52. минута беше прецизен од белата точка, но Луис Муриел со голот во 74. минута ја врати неизвесноста во финишот на натпреварот.
Тогаш на ред беше нова драма. Во 97. минута (последна која судијата ја одреди), по играта со рака на Данило Д’Амброзио судијата прво досуди пенал, па следуваше долга консултација со ВАР-системот пред и покрај тоа што снимките покажуваа дека Д’Амброзио играл со градите да досуди пенал. Верету сигурен од белата точка носи неверојатни 3:3 за Фиорентина.
Penalty for Fiorentina after VAR review.
Fiorentina 3-3 Inter. pic.twitter.com/PcGihnITXY
— ? (@mtaisar28) February 24, 2019
Ремито доаѓа во време во кое Интер е вмешан во сагата околу Икарди и одземањето на капитенската лента, и сега со поенот Интер има само два поени предност пред Милан на третото место на табелата.