Top Sport

Интер сака да го откупи Лукаку од Челси

Интер загуби со 1:0 од Манчестер Сити во финалето на Лигата на шампионите, но ноќта во Истанбул можеше да има поинаков тек ако Ромелу Лукаку успееше да израмни во 89.минута. Тој шутираше со глава, а топката на гол-линијата удри во коленото на Едерсон и се одби во поле.

Претходно Лукаку му пречеше и на Димарко во обидот да донесе израмнување за Интер.

Сепак, сопственикот на Интер, Стивен Жанг, изјави дека италијанскиот клуб сака да го задржи Лукаку на „Џузепе Меаца“. Тој е позајмен фудбалер од Челси, но последните добри игри најверојатно ќе му овоможат перманентен трансфер во Интер.

„Лукаку е неверојатен играч и што е најважно, покажа дека има огромни емоции кон Интер. Тој има договор со Челси, но мислам дека брзо ќе седнеме на маса да разговараме со нив затоа што сакаме да го откупиме“, изјави сопственикот на Интер, Стивен Жанг, по поразот на неговиот тим во финалето на ЛШ.

Scroll to Top