Раџа Наинголан потпиша четиригодишен договор со Интер пред враќањето на „нераѕурите“ во Лигата на шампионите по шестгодишна пауза, напуштајќи ја Рома по четири години во италијанската престолнина.
Рома ќе добие 24 милиони евра за трансферот плус Николо Цаниоло и Давиде Сантон.
„Не очекував да добијат толку топло добредојде. Тоа значи дека постои ентузијазам и сакам да им вратам за тоа. Лучано Спалети? Со него ја имав најдобрата сезона и се надевам дека ќе можам да ја повторам. Изборот беше едноставен, а мислам дека и во Рома малку ја загубија довербата во мене“, изјави Наинголан, кој не беше повикан од Роберто Мартинез во белгиската репрезентација за Мундијалот.
Рома ќе се „утеши“ со доаѓањето на Хавиер Пасторе од Пари Сен-Жермен, за кого ќе плати околу 20 милиони евра. 29-годишниот Пасторе беше првата ѕвезда која дојде во ПСЖ откако катарскиот конзорциум „КСИ“ го презеде клуботво 2011.
„Му благодариме на Хавиер за неговата професионалност, за класата и за елегенцијата на и надвор од теренот“, се вели во соопштението на ПСЖ.