Иран, во пресрет на дуелот со САД, на Светското првенство во Катар, побара од ФИФА да ја исфрли оваа репрезентација од Мундијалот.
Фудбалскиот сојуз на Америка на социјалните мрежи го објави иранското национално знаме без централниот симбол и соопшти дека ги поддржува демонстрантите во таа земја.
Иранската влада ги обвини Американците дека го тргнале името на Алах од знамето и ја повика ФИФА да ги исфрли САД од Светското првенство и побара суспензија од десет натпревари.
„Дејли Мејл“, пишува дека симболот подоцна бил вратен на знамето објавено на веб-страницата на Американската фудбалска асоцијација.
Да потсетиме, протестите против владата траат со месеци во Иран, а по смртта на 22-годишната Курдка Махса Амини, која беше приведена поради, според тамошните закони, несоодветна облека.
САД и Иран претходно имаа лоши меѓудржавни односи, а тие две земји ќе играат на Светското првенство во Катар во вторник. САД само со победа ќе се пласираат во осминафиналето, додека на Иран му е доволен и еден бод за да остане на Мундијалот.