Top Sport

Италијанците фантазираат: Да се исклучи Иран, и „аѕурите“ да добијат покана за СП!

Италијанските медиуми уште не се опоравени од шокот од поразот од Македонија и пропуштањето на второ Светско првенство во низа, и најновата шпекулација е дека тие би можеле да добијат „покана“ за настап на Мундијлот ако Иран биде исклучен од ФИФА.

Во теоријата која ја поставива „Спорт медијасет“, главна причина за надежта е одлуката на иранските власти да не дозволат влез на 2.000 жени на мечот од квалификациите за СП против Либан, иако веќе имаа купено билети. ФИФА веќе во 2019 година ги предупреди Иранците за забраната на присуство на жени на трибините, а бидејќи инцидентот се повторил, најекстремна реакција би било исклучување од СП.

Ако ова се случи, Италијанците се надеваат дека ФИФА ќе „пушти“ репрезентација со највисок коефициент која не е пласирана, а тоа се актуелните европски шампиони Италијанците.

Scroll to Top