Top Sport

Тинејџер доби шест недели затвор за расистичка навреда кон Рашфорд

19-годишниот Џастин Ли Прајс од Вустер, доби шестнеделна казна затвор за расистички навреди кон Маркус Рашфорд, откако напаѓачот на Манчестер јунајтед го утна пеналот во поразот на Англија од Италија во финалето на ЕУРО 2020 на „Вембли“.

Прајс расистичката навреда ја објавил на Твитер, и неговиот адвокат тврдеше дека тој е „засрамен“ од своите постапки, објаснувајќи дека раснел само со неговата мајка и работел неколку часа неделно и имал „премногу слободно време“.

Во септември 2021, друг човек беше осуден на заатворска казна за расистички и навредливи коментари на сопствениот Фејсбук профил за Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака, тројцата репрезентативци кои утнаа пенали при поразот.

Scroll to Top