Top Sport

Италијанците со пенал спасија реми со Полска, Србија и Албанија со победи (видео)

Италија одигра 1:1 со Полска во првиот меч од Лигата на нации на УЕФА за не толку добар старт на Роберто Манчини на клупата на „аѕурите“, посебно бидејќи ремито беше изборено со пенал во 78. минута.

На „Ренато Дал’Ара“ во Болоња, Полјаците имаа убедливо подобар старт, откако Роберт Левандовски одлично го пронајде Зиелински, кој го тестираше Џанлуиџи Донарума на голот, додека Италија за првата шанса чекаше до 37. минута, кога Бернардески имаше одличен удар кој помина покрај стативата. Полска дојде во водство во 40. минута кога Левандовски повторно го најде Зиелински, кој од десетина метри го совлада Донарума.

Италија, конечно, израмни во 78. минута, кога Жоржињо од пенал го совлада Фабијански, и „аѕурите“ ќе мораат да се многу подобрени за следниот дуел со Португалија на Кристијано Роналдо.

Во Лига Б, Русите со головите на Черишев и Ѕјуба успеаја да извлечат 2:1 победа на тешкото гостување во Истанбул кај Турција, додека во Лига Ц, Албанија со 1:0 го совлада Израел, Србија со 1:0 беше подобра на гостувањето кај Литванија, додека Романија и Црна Гора одиграа без голови.

Србија стигна до победа на гостувањето во Вилниус благодарение на голот од пенал на Душан Тадиќ во 38. минута, а истиот фудбалер во 83. минута пропушти шанса, повторно од белата точка, да донесе поголема победа за „орлите“. Албанија пак, стигна до три поени против Израел благодарение на одличниот удар на Таулант Џака во 55. минута.

ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А, ГРУПА 3

Италија – Полска 1:1

ЛИГА Б, ГРУПА 2

Турција – Русија 1:2

ЛИГА Ц, ГРУПА 1

Албанија – Израел 1:0

ЛИГА Ц, ГРУПА 4

Литванија – Србија 0:1

Романија – Црна Гора 0:0

ЛИГА Д, ГРУПА 3

Азербејџан – Косово 0:0

Фарски Острови – Малта 3:1

Scroll to Top