Top Sport

Италијаните протерале 54 навивачи на Ајакс

Вечерва во Торино, Јувентус против Ајакс ќе го одиграат четврт-финалниот реванш во Лигата на шампионите. Првиот натпревар што се одигра пред шест дена во Амстердам заврши без победник 1:1.

Европа очекува во Торино да види отворен и неизвесен натпревар. Холандскиот шампион ќе има голема поддршка од своите навивачи. Меѓутоа нема сите што се упатиле кон Торино да го гледаат натпреварот.

Италијанската полиција вратила назад во Холандија 54 хулигани бидејќи поседувале оружја. При претрес полицајците пронашле разни забранети оружја меѓу кои и чадни бомби.

Органите на редот имаа проблеми и пред првиот натпревар во Амстердам, кога холандските хулигани се судрија со полицијата, а поради предизвикување на инциденти полицијата тогаш уапси и 124 навивачи на Јувентус.

Scroll to Top