Top Sport

„Италијанска клаузула“ во договорот на Икарди

Интер конечно се ослободија од Мауро Икарди. Аргентинецот ќе остане во ПСЖ откако челниците на францускиот шампион решија да го откупат неговиот договор за 57 милиони евра.

Интересно е што во овој трансфер Интер вметнале специјална клаузула. ПСЖ ќе мора да им платат дополнителни 15 милиони евра доколку решат во наредните 12 месеци да го продадат Аргентинецот во некој од италијанските клубови.

Оваа клаузула е ставена во договорот бидејќи за 26 годишниот напаѓач се заинтересирани Јувентус и Наполи.

Икарди оваа сезона на 31 натпревар во дресот на ПСЖ постигнал 20 голови.

ПСЖ го купиле Икарди за 57 милиони евра

 

Scroll to Top