Top Sport

Икарди има четири понуди да се врати во Серија А

Аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди во дресот на Галатасарај постигна 10 гола и запиша седум асистенции оваа сезона. Турците се воодушевени, сакаат да ја продолжат соработката, но напаѓачот има други планови.

Како што пренесуваат медиумите на Апенините, Икарди има четири понуди да се врати во Серија А. За него се заинтересирани римските ривали Лацио и Рома, но исто така и Наполи.

Сите четири клуба што го посакуваат во своите редови за следната сезона би морале да ја платат сумата од 18 милиони евра што ја бара Пари Сен Жермен. Икарди е фудбалер на ПСЖ кој како позајмен игра во тимот на Галатасарај.

Scroll to Top