Италијанците го прогласија најубавиот гол за август во Серија А. Стрелец беше напаѓачот на Лече, Лоренцо Коломбо, на натпреварот против Наполи. Тој натпреварот се одигра на последниот ден од август и заврши со резултат 1:1.
20-годишниот фудбалер претходно не искористи пенал, но многу брзо постигна прекрасен погодок.
Се играше 31. минута кога Коломбо ја прими топката и од околу 25 метри упати силен и прецизен удар кој заврши во мрежата.
Тоа беше прв гол во Серија А за италијанскиот репрезентативец до 21 година во неговиот деветти настап во најсилната италијанска лига.