Френки де Јонг, во летниот преоден рок ќе ја напушти Барселона, извесно е дека тој ќе се пресели во Манчестер јунајтед. Познатиот шпански новинар, добро запознаен со случувањата на „Ноу Камп“, Џерар Морено, вели дека работата практично е при крај и дека холандскиот играч за врска кариерата ќе ја продолжи на „Олд Трафорд“.
Барселона мора да го продаде играчот поради финансиската криза со која од лани е соочен клубот. Се претпоставува дека трансферот на Де Јонг ќе изнесува помеѓу 70 и 80 милиони евра.
Клучна улога во реализацијата на трансферот ќе ја има поранешниот тренер на Де Јонг од Ајакс, Ерик тен Хаг, кој од наредната сезона ќе го предводи Манчестер јунајтед.
Де Јонг пристигна во Барселона од арената „Јохан Кројф“ во јули 2019 година за отштета од 86.000.000 евра. Одличниот централен играч за врска запиша 139 настапи во дресот на каталонскиот гигант за три сезони и постигна 13 гола.
Негов наследник во Барселона треба да биде одличниот играч за врска на Валенсија, Карлос Солер.