Поранешниот фудбалер на Јувентус и освојувач на светската фудбалска титула од 2006, Винченцо Јакинта уште еднаш побара неговиот татко да биде пуштен од затвор поради опасноста да почине од корона вирусот.
Џузепе Јакинта е осуден на 19 години затвор поради поврзаност со мафијашката група Ндрангета, обвинение за кое и самиот фудбалер помина две години во затвор. Сега, помладиот Јакинта бара безусловно пуштање на неговиот татко од затворот во Вогера.
„Затворскиот доктор побара тој да има тест на корона вирус, но тоа уште не е направено. Тој нема треска ниту температура, но има болки во грлото, а еден од затворениците веќе почина од корона вирусот. Џузепе има проблеми за срцето за кои беше хоспитализиран во декември“, вели Јакинта на Инстаграм.
Од светски шампион до трговец со оружје, приказната на голгетерот Винченцо Јакинта (видео)