Јан Рајт собра уште девет легенди на Арсенал на вечера, на која секако се потсетија на славните денови на „топчиите“. Во групата беа играчи од славната генерација на „Непобедливите“, а околината беше луксузен ресторан во Лондон.
На вечерата присуствуваа Мартин Кион, Ли Диксон, Гаел Клиши, Дарен Дејн, Тјери Анри, Јенс Леман, Жереми Алиадиер, Реј Парлор, Робер Пирес, Патрик Виеира, и секако Рајт.
„Прекрасна вечера со момците“, напиша Рајт.
Lovely dinner with the lads 🫶🏾♥️ #OnceAlways pic.twitter.com/3ln9aB4kZt
— Ian Wright (@IanWright0) March 28, 2023