Top Sport

Јани Атанасов заминува од Хајдук Сплит

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов многу веројатно ќе го напушти Хајдук Сплит во овој зимски преоден рок. Тој има уште шест месеци од договорот со клубот, но хрватските медиуми јавуваат дека Јани Атанасов и Самуел Едуоку воопшто и нема да се појават на подготовките со тимот. Тие не отпатувале со екипата во Новиград на подготовки.

За Јани Атанасов постоеше интерес од шкотскиот гигант Селтик, а се споменува и можна преселба во Грција или во Полска.

Атанасов дојде на „Пољуд“ во 2020 година од турскиот клуб Бурсаспор.

Scroll to Top