Top Sport

Јапонски фудбалер починал на операција на мозокот

Тажна вест доаѓа од Јапонија. Поранешниот јапонски фудбалски репрезентативец Масато Кудо, почина на 32-годишна возраст, после операцијата на мозокот, објави неговиот клуб Тегевахаро Михазаки.

На Кудо му бил дијагностициран хидроцефалус и е хоспитализиран на 3 октомври. Вчера бил подложен на операција на мозокот, а почина поради компликации после хируршкиот зафат.

Кудо во својата кариера играше за Кашива, Ванкувер, Санфрес Хирошима, Бизбејн Роар и од 2022 година е дел од Тегевахаро Михазаки.

Scroll to Top