Top Sport

Јасин Бону е главен фаворит да го замени Куртоа на голот на Реал Мадрид

Голманот на Севилја, Јасин Бoну, е најголем фаворит да го замени Тибо Куртоа на голот на Реал Мадрид. Белгиецот заработи тешка повреда на вкрстените лигаменти на коленото и ќе отсуствува цела сезона.

Чуварот на мрежата на Севилја бил многу блиску до трансфер во Саудиска Арабија, но таа зделка била прекината со пристигнувањето на понудата од Реал Мадрид. 32-годишниот Бону е многу заинтересиран за идејата за преселба кај „кралевите“ и за тоа го известил раководството на Севилја.

На Андалузијците итно им е потребен скап трансфер за да се обидат да ја нормализираат финансиската состојба и да доведат нови играчи за да го подобрат просечниот настап во Ла Лига, откако минатата сезона завршија во долната половина на табелата.

Реал Мадрид е подготвен да плати 20 милиони евра, но Севилја ќе бара повеќе.

Scroll to Top