Top Sport

Ник Кирјос се повлече од УС Опен

Австралискиот тенисер Ник Кирјос се повлече од УС Опен, па годинава ќе остане без ниту еден меч на гренслем турнирите.

Финалистот на минатогодишниот Вимблдон цела година се мачеше со повреди и сезонава успеа да одигра само еден меч.

Тој во јануари го пропушти домашниот гренслем турнир во Мелбурн поради повреда на коленото, која мораше да се реши хируршки. Потоа ја пропушти целата сезона на земјена подлога за да се подготви за настапите на трева.

Сепак, одигра само еден меч во Штутгарт, каде загуби од Кинезот Ву Јибинг. Тој се повлече од Вимблдон поради повреда на зглобот, а сега најави повлекување од УС Опен, кој започнува на 28 август.

Scroll to Top