Top Sport

„Лудилото“ продолжува: Тотенхем му рекол на Хари Кејн да не лета за Минхен и го вратил од аеродром

Хари Кејн чека дозвола од Тотенхем да лета за Германија на медицински прегледи пред потенцијалната преселба во Баерн. Откако на Кејн му било кажано дека е постигнат договор меѓу клубовите, Англичанецот се одлучил да ја прифати понудата.

Британските медиуми јавуваат дека капитенот на Англија утрово отпатувал на аеродром кога му било соопштено сѐ уште да не лета за Минхен.

На крајот, Кејн не се качил во авионот и моментно е во семејната куќа во близина на аеродромот и чека дозвола за лет кон Германија.

Има индиции дека Тотенхем се обидувал да направи промени во договорот во последен момент, но, „Скај Спортс“ пренесува дека тоа не е вистина.

 

Scroll to Top