Top Sport

Јовиќевиќ ќе ги предводи „модрите“

Фудбалскиот клуб Динамо Загреб за нов тренер го ангажираше Игор Јовиќевиќ. На функцијата тој ќе го замени Ненад Бјелица.

Бјелица пред неколку дена спогодбено го раскина договорот со „модрите“. Јовиќевиќ веднаш се наметна како прв кандидат за негов наследник, официјална потврда за неговиот ангажман стигна денес.

Новиот тренер на Динамо поникнал во клубот меѓуто никогаш не заиграл за „модрите“ во сениорска конкуренција. На 17 годишна возраст тој се пресели во Реал, играл за вториот тим на великанот од Мадрид, Реал Кастилја.

Тренерската кариера ја започнал во Карпати од Лвов, бил и тренер на Целје. Во Динамо се вратил во 2017 година како тренер на вториот тим.

Во иднина функцијата на Јовиќевиќ во вториот тим ќе ја преземе Гоце Седолски.

Scroll to Top