Манчестер јунајтед успеаја да ја завршат работата пред полноќ и да склучат договор за позајмица на напаѓачот на Шангај шенхуа, Одион Игало, засилувајќи го нападот во борбата за место кое води во Лигата на шампионите.
Игало станува првиот Нигериец кој ќе го облече дресот на „ѓаволите“, а доаѓа само со шестмесечен договор за позајмица без опција за откуп на договорот, јавува „Скај спорт“.
Јунајтед последниот ден од преодниот рок беа поврзувани со повеќе напаѓачи, како нивниот поранешен јуниорски фудбалер, Џош Кинг од Бурнемаут, како и Дрис Мертенс од Наполи, но на крајот метата беше Игало, иако беше проблем како логистички да се изведе трансферот поради карантинот во Кина поради корона вирусот.
Шпекулациите велат дека Игало добил понуди и од Тотенхем и од Интер, но дека се решил за Манчестер јунајтед, клубот за кој навивал како дете.
BREAKING NEWS
It’s happening….
Manchester United have reached an agreement with Shanghai Shenhua to take Odion Ighalo on loan for six months with an option to buy, having already agreed terms with the player.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 31, 2020
Odion Ighalo (2016): “I’m not sure I’d say no if United called. They were my team growing up. I loved watching Andy Cole and Dwight Yorke on TV. They were my idols and playing at Old Trafford has always been a dream.” #MUFC [Sun] pic.twitter.com/CfgpOl3hJ7
— United Xtra (@utdxtra) January 31, 2020