Белгискиот репрезентативец Тоби Алдервирелд по завршувањето на сезоната ќе го напушти Тотенхем. Причина за тоа е клаузулата во неговиот договор, според која доколку некој клуб, во последните две недели од преодниот рок, понуди 30 милиони евра, тогаш тој може да си оди од Лондон.
Ваквото сценарио го најави и Алдервирелд, што значи дека веројатно ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.
Клубот од „Олд Трафорд“ веќе две години се обидува да го ангажира Белгиецот, а веројатно во август ќе ја добие битката за неговиот потпис.
Медиумите шпекулираат дека доколку Алдервирелд пристигне во клубот, тогаш од него сигурно ќе замине Ерик баи.
Покрај Манчестер Јунајтед, интерес за Алдервирелд покажуваат Јувентус и Барселона.