Фановите на Манчестер јунајтед на социјалните мрежи го изразија своето незадоволство откако дефанзивецот Фил Џонс доби нов четиригодишен договор, со што ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2023 година.
26-годишниот бек на англиската репрезентација е постојано во тимот по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер како тренер и клубот реши да ја продолжи соработката бидејќи сегашниот договор му завршуваше ова лето.
„Пресреќен сум со новиот договор, Манчестер јунајтед е голем дел од мојот живот последните осум години и го сакам клубот. Би сакал да му се заблагодарам на Оле и на тренерскиот тим за поддршката“, изјави Џонс.
„Па, ова ми го уништи викендот“, беше еден од коментарите на Твитер страницата на Манчестер јунајтед, додека друг се праша: „Четири години за што? Како овие просечни фудбалери остануваат во тимот, навистина засрамувачки? “.
Фил Џонс – легендата на лошата одбрана и фантастичните фотографии (галерија)