Швеѓанецот Виктор Линделоф потпиша нов петгодишен договор со Манчестер јунајтед, потврдија од клубот, откако импресионираше под водство на Оле Гунар Солскјер.
25-годишниот Швеѓанец, кој беше критикуван по доаѓањето на „Олд Трафорд“ од Бенфика во 2017 година, под водство на Солскјер прикажа одлични партии и клубот сега реши да го обврзе до 2024 година со опција за уште една сезона.
„Од денот кога пристигнав во Јунајтед се чувствувам тука како дома. Израснав како фудбалер и како човек овие две години и благодарен сум за помошта која ја добив. Сега целта е да се освојуваат трофеи и да се врати на навивачите за нивната фантастична поддршка“, изјави Линделоф, кој има 74 настапи за Јунајтед по трансферот од 45 милиони евра.
Линделоф има стартерска позиција под Солскјер покрај новиот дефанзивен партнер Хери Мегвајр.
„Виктор се промовираше во важен дел на нашиот тим. Тој носи смиреност на теренот и посветеност да помогне на тимот“, изјави Солскјер.
✍️ @VLindelof has committed his future to #MUFC!
— Manchester United (@ManUtd) September 18, 2019