Челниците на Манчестер Јунајтед во финишот на зимскиот преоден рок ќе се обидат да го ангажираат 16 годишниот играч на Бирмингем, Џуд Белингем.
Според тврдењата на „Скај Спорт“, Манчестер Јунајтед за овој фудбалер биле подготвени да платат 30 милиони фунти.
Белингем потекнува од фудбалската школа на Бирмингем, а оваа сезона дебитирал за првиот тим. Тој е еден од најталентираните англиски фудбалери. Досега има одиграно 24 натпревари на кои постигнал четири гола.
Тинејџерот има стипендија од Бирмингем, неделно заработува 145 фунти, а првиот вистински договор го очекува на 29 јуни кога ќе наполни 17 години.