Top Sport

Јунајтед со драматична одмазда против Астон вила

Само пет дена откако загубија со 3:1 од Астон вила, Манчестер јунајтед го добија дуелот од 1/16 финалето во Англискиот лига куп со драматична 4:2 победа на „Олд Трафорд“.

Вила повторно прва дојдее во водство, во 48. минута преку Оли Воткинс, за само минута подоцна, Антони Марсијал да израмни за тимот на Ерик Тен Хаг.

Работите повторно тргнаа наопаку за „ѓаволите“, кога во 61. минута, Диого Далот ја смести топкта во голот на Мартин Дубравка (кој дебитираше за Јунајтед), за Маркус Рашфорд да израмни во 69. минута. Целосниот пресврт се случи во 78. минута кога Тајрон Мингс го постигна вториот автогол на мечот, овојпат на другата страна. Скот Мектоминеј во 91. минута од мечот постигна убав гол по фантастичната асистенција на Алехандро Гарначо.

Scroll to Top