Top Sport

Реал се намачи, но стигна до победа над Кадиз

Реал Мадрид имаше над 70 отсто од поседот на топката, но мораше да се задоволи со тешка 2:1 победа над Кадиз, мачејќи се со претпоследниот тим на табелата во шпанската Ла лига.

Едер Милитао постигна гол во втор меч едноподруго во 40. минута за да ги донесе „кралевите“ до минимално водство, кое беше удвоено дури во 70. минута, кога Тони Крос по отслужената суспензија за првиот црвен картон во кариерата, стрелаше за 2:0.

Меѓутоа, тука не беше крајот. Лукас Перез во 82. минута од мечот намали на 2:1 и ги направи нервозни последните минути на „Бернабеу“. На крајот, Реал освои три поени со кои се доближи на два поени од лидерот Барселона ставајќи крај на лошата серија пред Мундијалот. Кадиз остануваат претпоследни со 11 поени, колку што има и 18-пласираната Севилја.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top