Top Sport

Тинејџерот Ромеро ги крена Лацио на второто место

Лацио стигна до тешка 1:0 победа над Монца за важни три поени со кои се искачуваат на второто место на табелата со осум поени заостанување зад лидерот Наполи.

Гостите сметаа дека дојдоа во водство во 13. минута преку Андреа Петања, но неговиот гол беше поништен од ВАР системот поради минимален офсајд. Отпорот на гостите, конечно, беше скршен во 69. минута, кога замената, тинејџерот Лука Ромеро го постигна својот прв гол во дресот на Лацио.

Тимот на Маурицио Сари сега има 30 поени, колку што и третопласираниот Милан и осум помалку од Наполи. Монца, пак, е на 15. место со 13 освоени поени.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top