Top Sport

Јуп Хејнкес морал на итна операција на срцето

Легендарниот тренер на Баерн, Јуп Хејнкес, мораше да замине на итна операција на срцето. Вградени му се неколку бајпаси, откако речиси комплетно му биле затворени две артерии во градите.

По извршениот оперативен зафат, Хејнкес мина две седмици во болница две недели, а сега се чувствува подобро, информираат германските медиуми.

„Тоа беа најлошите моменти во мојот живот. Не можев да спијам, се чинеше дека времето застана. Беше ужасно”, изјавил Хејнкес.

Јуп Хејнкес од овие причини не замина за Катар на Светското првенство во фудбал.

Scroll to Top