Јувентус планираат да му го обноват договорот на Кристијано Роналдо до 2023 година, со што португалската мега-ѕвезда би останал во Торино до својата 38. година, тврди „Кориере дело спорт“.
Според весникот, Роналдо сигнализирал дека сака нов договор неколку дена откако Јувентус загуби во италијанскиот Суперкуп од Лацио, а по добивањето на „Глоуб“ наградата во Дубаи тој преговарал со својот агент, Жорге Мендеш за обнова на договорот.
Спортскиот директор на Јуве, Фабио Паратичи затоа подготвува нов тригодишен договор со опција за дополнителни 12 месеци и сега треба да се услогласат деталите за договорот, според кој Португалецот добива над 30 милиони евра по сезона.
Самиот Роналдо смета дека има уште многу да покаже на фудбалскиот терен, додека претседателот на клубот, Андреа Ањели гледа на ЦР7 како на клучен фудбалер во развојот на младите фудбалери на тимот, вклучувајќи го и Дејан Кулушевски, кој се очекува наредните денови да го официјализира трансферот од Аталанта.