Top Sport

Јувентус без Бремер на наредните пет натпревари

Новиот централен дефанзивец на Јувентус, Глеисон Бремер, ќе биде надвор од терените во следните 20 дена поради истегнување на бутниот мускул на левата нога. Бразилецот се повреди за време на градското дерби против Торино во саботата и мораше да биде заменет.

Тоа значи дека Бремер ќе пропушти најмалку пет натпревари за „бјанконерите“, вклучувајќи ги и оние против Пари Сен Жермен, Интер и Бенфика. Покрај тоа, Бремер е во ризик да не биде селектиран и во репрезентацијата на Бразил за Мундијалот во Катар.

Јувентус го ангажираше Бремер летото од Торино за 41 милион евра. Од почетокот на сезоната тој нема пропуштен натпревар за клубот во Серија А.

Scroll to Top