Top Sport

Лече и Фиорентина поделија по бод

Лече и Фиорентина одиграа 1:1 во последниот меч од десеттото коло во Серија А. Можеби и не се задоволни со поделбата на бодовите, но веројатно и не заслужија повеќе од тоа.

Асан Сисеј во 43.минута донесе предност за домашниот тим, а израмни Кристијан Куаме на почетокот на второто полувреме.

По ова реми, Фиорентина се наоѓа на 13. место, а Лече е сместен три позиции подолу на табелата.

Scroll to Top