Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ најверојатно ќе го пропушти дуелот против Спортинг Лисабон во Лига Европа, пренесуваат италијанските медиуми. Влаховиќ има проблем со скочниот зглоб кој го заработи на натпреварот против Лацио.
Србинот оваа сезона пропушти неколку важни натпревари, а не настапи на вкупно 12 мечеви за „старата дама“.
Натпреварот меѓу Јувентус и Спортинг Лисабон е закажан за в четврток од 21 часот. Сепак, добрата вест за Јувентус е што Пол Погба тренира, исто како и Леонардо Бонучи.