Top Sport

Де Минор го исфрли Енди Мареј во Монте Карло

Австралискиот тенисер Алекс де Минор се пласираше во второто коло на Мастерс турнирот во Монте Карло, откако по два сета со 6:1, 6:3 го совлада Енди Мареј.

Де Минор, кој е 19. тенисер во светот, победи по еден час и 28 минути.

Тој успеа дури четири пати да го одземе сервисот на Мареј.

Де Минор во следната рунда ќе игра против германскиот тенисер Јан Леонард Штруф.

Во второто коло се пласира и Аргентинецот Диего Шварцман кој славеше против Белгиецот Давид Гофан со 6:4, 6:2. Противник во следното коло ќе му биде Италијанецот Јаник Синер, кој како седми носител беше слободен во првото коло.

Матео Беретини по два сета, со 6:4, 6:2, го совлада 38. играч во светот, Американецот Максим Креси. Беретини, кој е 22. рангиран тенисер во светот, победи по еден час и 26 минути, откако трипати го одзеде сервисот на Креси.

Беретини во второто коло ќе игра против Аргентинецот Франциско Серундоло.

Scroll to Top