Top Sport

Јувентус без Влаховиќ против Спортинг Лисабон

Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ најверојатно ќе го пропушти дуелот против Спортинг Лисабон во Лига Европа, пренесуваат италијанските медиуми. Влаховиќ има проблем со скочниот зглоб кој го заработи на натпреварот против Лацио.

Србинот оваа сезона пропушти неколку важни натпревари, а не настапи на вкупно 12 мечеви за „старата дама“.

Натпреварот меѓу Јувентус и Спортинг Лисабон е закажан за в четврток од 21 часот. Сепак, добрата вест за Јувентус е што Пол Погба тренира, исто како и Леонардо Бонучи.

 

Scroll to Top