Италијанскиот гигант Јувентус се подготвува за тешка сезона, откако не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, поради бодовната казна што ја доби минатата сезона за финансиските малверзации во клубот за време на кови-кризата. „Старата дама“ ќе мора да продаде дел од најдобрите фудбалери, а меѓу првите се споменува името на Душан Влаховиќ.
Платата на напаѓачот од 7 милиони евра е голем товар за буџетот на торинскиот клуб.
Џунтоли, кој наскоро ќе дојде од Наполи на функцијата спортски директор, како еден од своите приоритети ја постави продажбата на Влаховиќ, а „бјанконерите“ се надеваат на богати понуди“за српскиот напаѓач.
Српскиот репрезентативец е на радарот на Арсенал и на Челси, во игра сѐ уште се и баерн Минхен и Реал Мадрид, па Јувентус очекува во случај на продажба да ги врати вложените 80 милиони евра.
Во меѓувреме Џунтоли веќе подготви замена, тоа е Расмус Хојлунд кој минатата сезона играше одлично во дресот на Аталанта.