Top Sport

Јувентус ги договорил личните услови со Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Јувентус се договорил за личните услови со српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ – Савиќ, тврдат италијанските медиуми. Договорот наводно бил постигнат по состанокот на агентот на играчот Матеја Кежман и првиот човек на „старата дама“, Андреа Ањели.

Одличниот играч за врска треба да заработува 6.000.000 евра по сезона, со дополнителни бонуси.

Сепак, сега останува потешкиот дел од работата за Јувентус, да се договори со Лацио за отштетата и да го реализира трансферот. Претседателот на римскиот клуб Клаудио Лотито бара најмалку 100 милиони евра за да му дозволи на српскиот репрезентативец да замине од „Олимпико“.

Scroll to Top