Top Sport

Лаутаро Мартинез: Загубивме поради наши грешки

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез го изрази своето разочарување од изненадувачкиот пораз од Саудиска Арабија (1:2), но истакна дека тимот мора да размислува за следните два натпревари против Мексико (26 ноември) и против Полска (30 ноември).

„Јасно е дека го загубивме натпреварот поради нашите грешки. Тоа е Светското првенство, секоја грешка се казнува. Треба да се одмориме и да размислиме што ни претстои. Денеска игравме против тежок противник. Поразот боли многу. Сакавме да го започнеме ова Светско првенство со победа. Мора да се корегираме, да се одмориме, да тренираме и да размислуваме за следните два натпревари“, изјави Лаутаро Мартинез по мечот.

Scroll to Top