Top Sport

Јувентус ја најде замената за Џорџо Кјелини

Јувентус на лето сака да ја засили одбраната. Според италијанските медиуми, Андреа Ањели најде идеална замена за Џорџо Кјелини. Италијанците тврдат дека претседателот на Јувентус наскоро ќе започне преговори со градскиот ривал Торино околу трансферот на Глеисон Бремер.

Кјелини на крајот од сезоната ќе ги напушти редовите на Јувентус и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во американската МЛС – лига.

Ањели затоа ќе отвори преговори со Торино околу 25-годишниот Бремер, а се шпекулира дека првата понуда ќе биде 30 милиони евра.

Најголем ривал на Јувентус во борбата за потписот на одличниот бразилски стопер ќе биде Интер, кој исто така е сериозно заинтересиран за негов ангажман.

Scroll to Top