Јувентус не смета веќе на својот капитен Леонардо Бонучи. Искусниот стопер минатата сезона се мачеше со повреди, па одигра само 26 натпревари. Упатените во Јувентус тврдат дека Бонучи нема да патува на претстојната турнеја на клубот во САД и повеќе не е во плановите на тренерот Масимилијано Алегри.
Неговиот договор со Јувентус истекува следното лето, но разделбата треба да следи до крајот на овој преоден рок. За него е заинтересиран Њукасл и лесно може Бонучи да се пресели во Премиерлигата.
Бонучи во Јувентус пристигна во летото 2010 година од Бари за 15,5 милиони евра. Брзо стана еден од најдобрите дефанзивни играчи во Европа, а во сезоната 2017/18 играше за Милан кој му плати 42 милиони евра. Следната сезона за 35 милиони евра се врати во Јувентус со кој во кариерата освои осум титули во италијанскиот шампионат.