Јувентус размислува да ангажира нов голман на местото на Војчех Шчесни. За таа цел, клубот веќе го скаутирал бразилскиот голман Бенто од Атлетико Параненсе.
Бразилскиот чувар на мрежата има 24 години и има настапувано само за Коритиба. Од почетокот на сезоната нема примено гол на 16 од 32 натпревари во сите натпреварувања. Се очекува Атлетико Параненсе за него да бара околу 10 милиони евра.
Сепак, евентуалниот трансфер е поврзан со претходна продажба на Шчесни. „Бјанконерите“ се надеваат дека ќе се разделат и со својот резервен голман Матија Перин.