Top Sport

Јувентус со еден гол го „реши“ Лече

Јувентус ја оствари третата последовна победа во Серија А откако минимално го совлада Лече на гости со 0:1. Масимилијано Алегри го немаше на располагање Душан Влаховиќ, но победничкиот гол го постигна младиот Николо Фаџоли. Тој успеа да го пронајде патот до мрежата на домаќинот во 73.минута од мечот.

По овој триумф, Јувентус се искачи на шестата позиција на табелата со 22 бода.

 

Scroll to Top