Top Sport

„Милионерите“ го освоија Франкфурт

Борусија Дортмунд стигна до важна победа (1:2) на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт. По овој триумф „милионерите“ држат чекор со Баерн и имаат 22 бода на третата позиција.

Џулијан Брант во 21.минута донесе водство за гостинскиот тим, но брзо возврати Даичи Камада пет минути подоцна.

На почетокот на вториот дел, Џуд Белингем го постигна победничкиот погодок за Борусија Дортмунд.

Scroll to Top