Јувентус, според италијанскиот закон, ги објави финансиските извештаи за работата во првите шест месеци од сезоната 2020/21, потврдувајќи дека имаат загуба од 113.7 милиони евра, секако поради влијанието на корона вирусот и отсуството на навивачи на стадионот.
Бордот на директори на Јувентус под водство на претседателот Андреа Ањели го потврдија полугодишниот извештај и потврдија дека приходите биле 258.3 милиони евра, огромно намалување од 322.3 милиони евра во 2019/20. Трошоците пораснале на 263.4 милиони евра.
Јувентус прават проценка дека само поради корона вирусот, тимот загубил 50 милиони евра во овие шест месеци.