Ѕвездата на Брајтон, Моисес Каиседо, потпиша нов долгорочен договор до 2027 година, само неколку недели откако бараше преселба во Арсенал. „Топчиите“ имаа два обиди да го купат 21-годишниот играч за врска во јануари, но Брајтон тоа го одби.
„Галебите“ веднаш почнаа преговори со репрезентативецот на Еквадор и го наградија со нов договор до 2027 година, со опција за уште една дополнителна сезона.
„Ова е фантастична вест за клубот, нашите навивачи, за мене и што е најважно за Моисес. Тоа ќе не направи посилни додека одиме напред кон остварување на нашите цели“, изјави менаџерот Роберто Де Зерби.