Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Бразилецот Кака објасни дека бил „целосно загубен и уништен“ под португалскиот тренер Жозе Мурињо при несреќната сезона на „Сантијаго Бернабеу“.
Бразилецот замина од Милан во 2009 година откако ја освои „Златната топка“, пред ерата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но престојот во шпанската престолнина не помина најдобро. Тој не ја доби довербата на Мурињо и открива дека ја загубил самодовербата, и многумина веднаш прават паралели со ситуацијата во која се наоѓа Пол Погба во моментов.
„Во 2009 ја прифатив понудата на Реал Мадрид, но таму бев целосно уништен бидејќи не можев да го дадам тоа што го дадов за Милан. Бев целосно загубен. Жозе Мурињо беше тежок тренер за мене и имавме односи кои беа компликувани, но и со почит. Кога помислив дека ќе ми даде шанса, не можев да му докажам дека сум во добра форма. Тренирав, се борев, се молев, но не ја добив неговата доверба и сфатив дека не можам да го работам. Сепак, беше убаво кога замина од Реал Мадрид што кажа дека јас сум еден од најголемите професионалци со кои работел“, објаснува Кака.
Kaka "Leaving AC Milan was a mistake, Mourinho didnt want me." pic.twitter.com/VRcR210Xv7
— Team Milan AC (@TeamMilanAC) April 18, 2018
Фото: ЕПА